Што кажуваат за нас?
"Ја прегледав целосно веб страната и бескрајно сум благодарен на сработеното :).
Задоволен сум со се, значи се е како што треба буквално ме оставивте без зборови.
Ви благодарам уште еднаш и се надевам и на понатамошна соработка.
Поздрав до целата екипа на Вебпро."
- Поце Митевски од Вип Дизајн
"Известувањето за изработката на веб страната пристигна и морам да кажам дека сум задоволен од изгледот и функционалноста на истата.
Со задоволство во иднина ќе ве препорачувам кај мои бизнис партнери.
Голема благодарност за изработката на страницата."
- Дејан Видаковиќ од Стериер
Гаранција за квалитет
Со секој купен производ сте обезбедени со оваа гаранција.
Имате право да побарате целосно враќање на средствата во рок од 7 дена од денот на продажбата.
"Изработка на Веб Страна"
Дали сакате да бидете впечатливи, модерни и посакувани? Дали ви е потребен имиџ кој ќе ги импресира вашите клиенти, ќе ги загрижи вашите конкуренти и ќе го зголеми вашиот профит?
Тогаш сте дошле на вистинското место. Не само што ви нудиме квалитетна изработка на модерна веб страна, туку и се грижиме за секојдневното одржување на веб страната.
Ниедна фирма не е премногу мала за креирање на веб страна. Со ова ново искуство се отварувате за светот, тоа е гарант дека вие работите и постоите, и додава дополнителна вредност на сите ваши производи.
Главни предности од поседување на веб страна:
- Потрошувачите пребаруваат на интернет пред да купат нешто. Доколку можат да ве пронајдат на интернет, вие се наоѓате еден чекор пред конкурентите кога ќе ве контактираат.
- Направете едно тест пребарување на интернет за некој ваш производ. Дали ги пронајдовте вашите конкуренти? Нели е време и вие да направите веб страна? И најважно, кога вашите потрошувачи пребаруваат на интернет, дали сакате да ги пронајдат вашите конкуренти или ВАС?
- Вашите клиенти сакаат да ве прашуваат прашања кога на нив им одговара. Тоа може да биде во текот на денот, но и сред ноќ. Веб страната е секогаш отворена за прашања и одговори. 24 часа 7 денови во неделата.
- Веб страна опремена со сите можни информации за вашиот бизнис го намалува бројот на непродуктивни телефонски јавувања.
- Вашата веб страна им дава дополнителна техничка подршка на постојните клиенти. Објавувајте спецификации, документи, презентации, процедури и листи. Оспособете ги вашите клиенти сами да ги решаваат проблемите и заштедете пари и време.
- Потрошувачите имаат повеќе доверба во компании за кои знаат нешто повеќе. Искористе ја веб страната за да ги информирате потрошувачите за вашата компанија, историја, специјалности, вредности, култура на однесување, активности, можности за вработување и слично.
Не плаќајте за изработката
За разлика од други веб дизајнери, ние не ви наплаќаме за изработката на веб страната.
Со оваа услуга добивате бесплатна изработка на веб страна, хостинг на еден од најдобрите сервери, регистрација на сопствен домен (www.vasakompanija.com), менаџирање на 10 емаил сметки на вашиот домен (info@vasakompanija.com), бесплатна техничка подршка и уште многу други додатоци. Ние креираме прозводи специјално наменети за мали компании кои немаат големи буџети за веб страна.
Да ги споредиме просечните трошоци:
| ||||||||||||||||||||||||||||
Со нас, плаќате само за хостингот односно за секојдневното одржување на вашата веб страна. Постои можност за плаќање месечно или годишно.
Ние ви нудиме се што ви е потребно за најдобрата интернет презентација која можете да си ја дозволите.
Поволности за нова веб страна:
- ВРВЕН ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН
- ЕДНОСТАВНА И ЛЕСНА ЗА НАВИГАЦИЈА ВЕБ СТРАНА
- РЕГИСТРАЦИЈА НА СОПСТВЕН ДОМЕН
- ХОСТИНГ НА НАЈБРЗИТЕ СЕРВЕРИ ВО СВЕТОТ
- БЕСПЛАТНА ТЕХНИЧКА ПОДРШКА
Заедно со овој пакет добивате неограничен веб простор, неограничен месечен сообраќај, менаџирање на 10 email сметки на свој домен, автоматски респондери на емаил, препраќачи на емаил и многу други додатоци во согласност со правилата на хостинг компанијата.
Со оваа услуга добивате и гаранција за квалитет со која сте обезбедени дека ќе ви ја вратиме полната сума доколку не сте задоволни од услугата.
Искоритете ја оваа можност и добијте БЕСПЛАТНА изработка на веб страна,
Одберете го вашиот нов домен:
| www. | Продолжи |
